Икарди прв избор на Јунајтед како замена за Кавани

Манчестер Јунајтед го именуваше напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди како потенцијална замена за Единсон Кавани. Иднината на 34-годишниот Уругваец на „Олд Трафорд“ останува неизвесна. Неговиот договор истекува на лето, но се шпекулира дека сега може да биде продаден.

Според „Л‘Екип“, „црвените ѓаволи“ веќе размислуваат со кого да го заменат кога ќе си замине, а еден од кандидатите е 28-годишниот Аргентинец.

Кавани не е многу задоволен од неговата ситуација во Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната. Досега има одиграно само 8 натпревари во Премиер лигата, а на само 4 од нив беше стартер. Затоа сериозно ги разгледува опциите пред него. Напаѓачот наводно го бара Барселона, а за него се заинтересирани и Коринтианс и Јувентус.

Сосема слична е ситуацијата на Мауро Икарди во ПСЖ. Тој тешко се бори за стартно место во конкуренција на Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар. Аргентинецот има 12 натпревари и 3 гола на своето конто во Лига 1. Затоа е подготвен да ја промени средината. Освен Манчестер Јунајтед, за него е заинтересиран и Јувентус.

Се вчитува...