Икарди: ПСЖ се разликува од Интер, но од мене се уште се бара истото

Мауро Икарди на крајот од летниот преоден рок од Интер прејде во Пари Сен Жермен. Аргентинецот имаше многу проблеми минатата година во Милано. Се почна со преговорите околу новиот договор, а на крајот се доведе до ситуација клубот воопшто да не сака да остане и мораше да се пресели во Франција.

„На Интер му посакувам се најдобро во сите натпреварувања, таму имам уште многу пријатели. Можеби можат да стигнат до „скудетото“. Имаат тренер како Конте кој сака да победува и тоа го пренесува на сите фудбалери. ПСЖ малку се разликува од Интер. Се чувствувам добро, а на крајот од денот од мене се бара истото како во Интер, а тоа е да постигнувам голови“, изјави Икарди. 

Се вчитува...