Икарди се обиде да глуми, па на крај самиот го повреди рамото (ВИДЕО)

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди предвреме мораше да го напушти натпреварот меѓу ПСЖ и Брест.

Во финишот на натпреварот Икарди имаше дуел со противничкиот фудбалер Мбок и минимален контакт кој го искористи за да падне во обидот за изнуда на прекршок.

Но, место изнуден прекршок, успеа да се самоповреди. Лошо падна на рамото кое сериозно го повреди поради што веднаш мораше да ја напушти играта. Од стадион замина со фиксирано рамо, а според првичните информации настрадала клучната коска.

 

Доколку се повреди тежината на повредата, тогаш му следи пауза од најмалку два месеци.

Се вчитува...