Икарди веќе си го одбра новиот клуб

И покрај тоа што раководството на ПСЖ веќе е подготвено да го откупи договорот на Мауро Икарди од Интер, сепак аргентинскиот напаѓач не планира останување во Париз.

Икарди е на листата желби на Јувентус, па на крајот од сезоната нема да биде никакво чудо да се врати повторно во Италија, но овој пат во Торино.

Агентот и сопруга на Мауро, Ванда Нара одговарајќи на прашање околу иднината на Икарди, не понуди апсолутно никаков одговор.

„Тоа е негова одлука и ништо не е сигурно. Ќе видиме дали ќе се врати во Италија. Добро му е и овде во Париз“ – вели Ванда Нара.

Икарди сезонава постигна 17 голови во 19 натпревари.

Се вчитува...