ИКАС во јубилејно 50.издание со рекорден број учесници

Јубилејното 50.издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС  2018 годинава ќе се одржи на 8 и 9 април на патеката во Матка. Како што најавија од Кајакарската федерација на Македонија на денешната прес-конференција, годинава се очекува рекорден број на учесници на трката која и годинава ќе биде одрганизирана во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со Град Скопје.

Да бидеме домаќини е огромна чест и обврска за нас. ИКАС е втората најстара манифестација со долга традиција. АМС Годинава Агенцијата за млади и спорт ја потврдува својата заложба за промоција на патеката Матка . Европската кајакарска федерација донесе одлука заедно со  Илинденскиот кајак слалом овде да се одржи и првото коло од Светскиот куп во спуст.  Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од АМСМ и овој пат ќе ни биде чест да го поддржиме овој спортски настан. Не само поради важноста и промоцијата  на кајак  спортот во Македонија, туку и да се претставиме како добри домаќини“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

На јубиленото 50 издание на традиционалниот ИКАС, како што најави техничкиот организатор, Атанас Николовски, се очекува да настапат рекорден број учесници. Засега се пријавени кајакари од 14 земји, но рокот за пријавивање се уште е отворен, а според интересот се очекуваат и други учесници.

Илинденски кајак слалом е бренд кој трае 50 години во континуитет благодарение на ентузијасти волонтери и љубители на овој спорт и со поддршката што ја имаме од АМСМ и од  Град Скопје. На овој ИКАСТ досега имаме пријавено 14 земји учеснички, рокот е до 5 април, очекувам да стигнеме до бројка од 18 земји учесници. Ова ќе биде најмасовен ИКАС досега што и го заслужува со оглед на тоа што годинава го имаме јубилејното 50.издание. Патеката на Матка е подготвена и верувам дека се ќе се одвива во најдобар ред“ – истакна Атанас Николовски.

Се вчитува...