Илчо Ѓорѓиоски во работната група на ФИФА која ќе одлучува за домаќин на СП 2026!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски е избран во работната група на ФИФА, за евалуација на кандидатурите околу изборот на домаќин за Светското првенство 2026 година.

Првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде дел од работната група за Мундијалот 2026, како член на Комитетот за организација на натпреварувањата под капата на ФИФА, а во работната група ќе биде заедно и со замениците генерални-секретари на ФИФА, Звонимир Бобан (фудбал) и Марко Вилигер (администрација). Согласно правилникот за одредување на домаќини за Мундијалот, Советот на ФИФА во работната група ги избра и претседателите на Комисијата за ревизија и усогласување, Томаш Весел и Комисијата за управување, Микул Мудигал.

FIFA informacija

Според правилникот за избор на големи натпреваруања, работната група за евалуација, ќе го даде финалното мислење околу кандидатурите за Мундијалот, пред потоа и официлано да биде избран домаќинот.

Досега меѓу земјите кои пројавија интерес за организација на СП 2026 се САД, Канада и Мексико со заедничка кандидатура, како и Мароко. Како што е познато, Светското првенство следната година ќе се одржи во Русија, а во 2022 година домаќин ќе биде Катар.

Се вчитува...