Синоќешното издание на македонската репрезентација без сомнение иритираше многу домашни фудбалски лица кои не можеа да се помират со убедливиот пораз од Австрија од 1-4.
Пред натпреварот поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски, кој најголемите успеси во својата играчка кариера ги доживеа настапувајќи во Австрија, силно посакуваше триумф токму против оваа репрезентација. Но, синоќа се чувствувал, како што вели, крајно посрамотен од односот на фудбалерите кон националниот дрес…
„Црвен дрес, црвена крв, привилегија да се носи и кога нозете откажуваат. Вакво понижување немало во 30 години на домашен терен. Сите очекувавме многу а добивме премалку против поквалитетни репрезентации. А, какви ли ќе бидат оние кои на Европско првенство ќе се пласираат? Повеќе од посрамотен сум од фудбалерите затоа што баш сакав токму против Австрија да имаме резултат. Наспроти тоа, тие ни одржаа лекција која ќе ја паметиме долго време. Прстот на чело! Има оваа земја квалитетни фудбалски тренери, но и квалитетни фудбалски работници…“ – вели Илчо Наумоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА