Иличиќ ја надминал депресијата, се враќа на тренинзите на Аталанта

Словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ од утре треба повторно да биде во кампот на Аталанта, информира „Газета дело спорт“. Еден од најдобрите фудбалери на најпријатното изненадување во Лигата на шампионите имаше лоша епизода во животот и падна во депресија, па последните шест седмици отсуствуваше од клупските обврски. Официјалната информација од Аталанта беше дека Иличиќ отсуствува од приватни причини, а потоа беше лиферувана веста и дека се бори со депресија. Но, очигледно дека Словенецот ги надминал тешките моменти и ќе му се стави на располагање на тренерот Џанпјеро Гасперини за подготовките за новата сезона.

Иличиќ ги прекина настапите за Аталанта по мечот против Јувентус (2-2) на 11 јули, првично беше известено дека има проблеми со мускулот, но потоа се дозна дека сепак има семејни проблеми и се разведува откако дознал дека сопругата го изневерува.

Се вчитува...