Иличиќ: Мислиме само на Македонија и победа во Скопје

Јосип Иличиќ е оптимистички расположен во пресрет на гостувањето во Скопје и дуелот со Македонија што ќе се игра в четврток на Националната арена „Тодор Проески“. Најдобриот словенечки напаѓач е свесен дека „црвено-жолтите“ не се наивен противник, но очекува неговата селекција со добра игра да стигне до победата.

За нас е добро што се уште сме во игра за пласман на ЕП. Зависиме од нас самите, ако играме добро можеме да се надеваме на ново учество на големо натпреварување. Размислуваме позитивно, знаеме дека ја имаме поддршката на навивачите во татковината и тоа многу ни значи“ – истакнува асот на Аталанта.

Словенија в недела ја очекува дуел со Австрија, но Иличиќ потенцира дека тој и неговите соиграчи воопшто не размислуваат за тој дуел.

„Одиме натпревар по натпревар, не ни помислуваме на Австрија додека не заврши мечот со Македонија. Фокусирани сме на дуелот во Скопје и ќе сториме се за да стигнеме до победата. Кога си толку блиску до остварување на сонот, нормално е да сториш се што можеш за тој да стане реалност“ – порачува Иличиќ.

Словенија моментно се наоѓа на второто место во групата со 11 бода, два помалку од лидерот Полска и еден бод предност во однос на третопласираната Австрија. Македонија и Израел се наоѓаат на делба на четвртото место со по осум бода.

Се вчитува...