Повремениот македонски репрезентативец Дејан Илиев, имаше одличен деби настап за Сараево во Купот на БИХ на гостувањето во Тузла кај Слобода.
Регуларниот дел заврши 1:1, по што мораа да се изведуваат пенали, а македонскиот голман успеа да одбрани два пенали. Неговите соиграчи само еднаш промашија во пенал серијата, за конечни 4-3 за Сараево.
Илиев во зимскиот преоден рок од Хелсинки пристигна во Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА