Илиев го чека пауза од три недели, ќе биде подготвен за Косово

Македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев ќе мора да паузира три недели поради проблеми со адукторот на десната нога.

Илиев заработи повреда на мечот на неговата Јагелонија со Легија во полскиот шампионат, по што по деталните прегледи, иако е утврдено дека повредата не е од посериозен карактер, согласно лекарските препораки ќе мора да паузира околу 20 дена.

Македонскиот голман се очекува да биде комплетно подготвен за репрезентативниот собир и полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на нациите со Косово на 26.март во Скопје.

Се вчитува...