Илиевски: Да го заборавиме поразот и да се насочиме кон следните предизвици

Кошаркарите на Пелистер повторно на несреќен начин доживеаја пораз во „балонот“ во Сараево од АБА 2 лигата. Овојпат во драматична завршница од битолчани подобар беше српскиот Златибор Чајетина со 85-83.

Тренерот на „пелистерци“ Марјан Илиевски по натпреварот изјави дека што побрзо треба да се заборави овој пораз и да се насочат кон натпреварите во домашниот шампионат.

„Последниот период функционираме многу тешко и со проблеми со повредени играчи. Најголем проблем ни е скокот бидејќи противникот оствари 16 скока во напад, осум поени од втора шанса и погоди 11 тројки, а во такви услови, тешко е да се победи. Сакам да го оставиме сето ова за нас и да се насочиме на иднината во која очекувам подобри денови“, изјави Илиевски.

Се вчитува...