Илиевски: Горд сум на играчите, се бореа лавовски до последната секунда

Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски, не ја криеше гордоста од изданието на својот тим на отворањето на сезоната, во кое клубот од Гевгелија го совлада тимот на МЗТ Скопје.

„Многу сум горд на моите играчи и на начинот на кои го одиграа овој натпревар. Знаевме дека ќе има падови бидејќи дел од новите кошаркари се уште не се целосно влезени во системот, а воедно и претходно не играа на превисоко ниво бидејќи реално беа дел од екипи кои се бореле за опстанок. Денеска се надминаа себе си, одиграа одлично, а најгорд од се сум на начинот на кој се бореа буквално до последната секунда. Ова е прво коло и не смееме да дозволиме да дојде до еуфорија, но сигурно е одличен почеток на сезоната“ – изјави Илиевски веднаш по натпреварот.

Се вчитува...