Илиевски: Изгубените топки го решија победикот, мораме да се поправиме во тој поглед

Пелистер го забележа и осмиот пораз во АБА2 лигата откако во последниот натпревар од „балонот“ во Бања Лука загуби со 79-67 од Подгорица. Битолчани лошо го отворија натпреварот со шест изгубени топки, а тоа го искористи црногорскиот состав за двоцифрената преднсот од која „зелено-белите“ не успеаја да се вратат и покрај тоа што во неколку наврати имаа негатива од само еден напад.

По натпреварот тренерот Марјан Илиевски причината за поразот ја најде токму во седумнаесетте изгубени топки, проблем со кој Пелистер се соочуваше во текот на целиот балон.

„Многу рано влеговме во проблем со лични грешки кои и покрај скратената ротација ни ја променија тактичката замисла за овој натпревар. Нема да навлегувам за критерумите кои беа на двете страни, мислам има кој да го процени тоа. Тоа што можам да кажам е дека статистичките параметри на двете екипи се исти единствено што двои се 17 изгубени топки кои ги имаме веќе на три натпревари. Тоа е наш проблем и ние ќе го решиме, но работите се такви какви што се. Ќе продолжиме понатаму да работиме колку што можеме“, изјави Илиевски.

По настапот во регионалното првенство, лидерот на табелата во мак-баскетот се враќа на домашно тло за натпреварот со Еуро Никел кој е закажан за вторник со почеток од 18 часот и 30 минути.

Се вчитува...