Илиевски: Кесар беше брилијантен, но ова е тимска победа

Марјан Илиевски има причина зазадоволство откако неговите избраници одиграа одличен меч и го декласираа составот на Младост Земун со убедливи 99-83.

Со овој резултат Пелистер ја прекина серијата порази во АБА2, но и потврди дека нема предвреме да се откаже од борбата за место меѓу најдобрите осум во регионалното натпреварување, без оглед на слабиот старт на сезоната.

„Ние сме нови во ова натпреварување и ни требаше еден период за прилагодување на силата во оваа лига. Имавме претходно добри натпревари на кои несреќно загубивме. Она што најмногу ме радува е што имавме сериозен пристап, што со изменет ростер на играчи победивме една екипа што игра се подобро и подобро. Игор Кесар беше брилијантен на денешниот меч, но не сакам да го издвојам бидејќи сите играчи одработеа максимално и дадоа подеднаков придонес за победата. Ова беше тимска победа на Пелистер“, изјави Илиевски по мечот.

Се вчитува...