Илиевски: Мечот го загубивме во втората четвртина

Марјан Илиевски има причина за разочараност откако Пелистер го претрпе и вториот пораз во својот трет меч од дебитантската сезона во АБА2-лигата.

Битолчани денеска беа целосно надиграни од македонскиот ривал МЗТ Скопје, губејќи со 80-64, меч во кој „пелистерци“ целосно потфрлија во фазата на нападот. Тренерот на „пелистерци“ како пресудна ја потенцираше втората четвртина, што неговиот тим ја загуби со преубедливи 33-12.

„Можам да кажам дека добро отворивме и се одеше по планот само во првите десет минути. Потоа дојде нашиот пад, ние практично го загубивме мечот во втората четвртина во која имавме поинаков пристап. Немам што да кажам, кога ривалот погодуваше практично се, а ние не можеме да погодиме ниту слободно фрлање. Исто така, имавме сериозен проблем и со скок-играта“, изјави Илиевски веднаш по денешниот пораз.

Се вчитува...