Илиевски: Не очекував меч со 200 поени, честитки за моите кошаркари

Марјан Илиевски и Пелистер одлично ја стартуваа сезоната во АБА2-лигата, откако македонскиот вицепрвак во првите пет кола забележа четири победи и само еден пораз.

Битолчани денеска славеа на дуелот со Горица со резултат 100-91, уште еден меч што беше неизвесен до самиот крај, но „пелистерци“ во завршните минути сепак успеаја да го скршат отпорот на противникот.

„Не очекував натпревар од 200 поени, затоа што и едната и другата екипа бевме со кратка ротација, посебно екипата на Горица која имаше два повредени играчи и очекував да игра во нешто помало темпо. Морам да ја пофалам играта на Горица, во иднина ѝ посакувам подобри резултати. Исто честитки и за мојата екипа, имавме ден помалку одмор и веројатно тоа е она кое донесе нешто послаба одбрана и нереализирани отворени шутеви“, изјави тренерот Илиевски.

Се вчитува...