Илиевски, по само еден ден од потпишувањето, веднаш стрелец за Кишварда

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски веднаш ги демонстрираше сите свои квалитети уште на првиот пријателски натпревар за својот нов клуб, унгарската Кишварда.

По само еден ден од официјалната промоција во новиот клуб, Илиевски настапи за Кишварда на пријателскиот натпревар против Адмира во Виена и со својот прв гол во новиот дрес донесе победа од 1-2 за својот тим.

20-годишниот Илиевски стрелаше во 71. минута за триумф од 1-2 на својот тим, откако претходно Кишварда поведе со голот на Навратил во 56. минута, а Адмира израмни со голот на Баџи во 62. минута.

Се вчитува...