Илиевски: Покажавме карактер, посилни сме од повредите

Марјан Илиевски бележи одлични резултати во двете години како предводник на Блокотехна, а особено импресивен е неговиот скор на градскитее дерби пресметки со Кожув, во кои овој стратег не знае за пораз од својот поранешен клуб. Тоа беше случај и на денешното дерби, на кое Блокотехна се врати од „минус десет“ во последната четвртина и на крајот триумфираше со девет поени предност.

„Се уште имаме мака со повредите, на секој меч сме хендикепирани, па и на денешното шесто градски дерби сезонава се соочивме со истиот проблем. Сепак, како и секогаш во ваква ситуација, успеваме да покажеме карактер, па и на оваа средба со градскиот ривал успеавме да стигнеме до победата. Имам голем респект за Кожув, клубот има квалитетен ростер и организација и лично сум убеден дека нема да останат само со една службена победа во суперлигашкото натпреварување. Што се однесува до нас, стигнавме до посакуваното трето место, сега ќе се обидеме со добри игри во последните две кола да го задржиме тој пласман“ – истакна Илиевски.

Блокотехна има една победа повеќе од Гостивар во битката за третото место на табелата. Во преостанатите две средби до крајот на сезонава тимот од Гевгелија ќе се сретне со Работнички и со Куманово.

Се вчитува...