Илиевски: Повторно не чинеше еден голем пад кој го имавме во мечот

Пелистер го забележа и третиот пораз сезонава во АБА 2 лигата откако вечерва загубија од Војводина (66-75) во вториот меч од балонот кој се одржува во хрватскиот град Осијек.

Тренерот на битолчани, Марјан Илиевски по мечот изјави дека како и на претходни мечеви така и денеска големиот пад ги чинел победа.

„Како и на претходните натпревари и вечерва имавме 2-3 минути во кои имавме голем пад во кој бевме казнети. Во цел овој период зад нас имаме проблем и со шутот за три поени, промашуваме многу отворени позиции. Тоаго казнуваат противниците и, практично, тоа не чини пораз“, изјави тренерот на Пелистер.

Се вчитува...