Илиевски: Работата со младата репрезентација за мене е голем предизвик

Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски изразува благодарност до Фудбалската федерација за укажаната доверба да ја предводи младата репрезентација. Популарниот Пижон вели дека ова на некој начин е продолжување на континуитетот на работа со фудбалерите селектирани во изминатите години.

„Веќе четврта година сум дел од младинските национални селекции, од селектор на репрезентацијата до 15 години до предводник на Македонија до 19 години. Благодарност за укажаната доверба, за мене е голем предизвик работата со младата репрезентација. Голем број од фудбалерите во тимот се селектирани изминатите години и на некој начин заеднички ќе го продолжиме континуитетот на работа. Изборот е потврда и за мојата работа во претходниот период и благодарен сум поради тоа. Првичната цел е да создадеме добра атмосфера, добро се познаваме со фудбалерите и убеден сум дека сите се желни за надигрување. Тоа е важен мотив, но мора да бидеме одговорни и сериозни. Имаме четири натпревари до крајот на тековниот циклус за ЕП 2019. и ќе се обидеме да оствариме позитивен резултат. Во ноември не очекуваат и два контролни натпревари на гостински терен против Црна Гора, а тоа секако е добро за нашата самодоверба“ – изјави Добринко Илиевски.

До крајот од квалификацискиот циклус за ЕП 2019 во Италија, Македонија игра на гостински терен против Србија и Русија, а дома ги пречекуваме Ерменија и Гибралтар.

Се вчитува...