Илиевски: Со дваесетина загубени топки не се добива натпревар во АБА2

Марјан Илиевски со право беше разочаран по очајното издание на Пелистер на вечерашниот дуел со Рогашка, на кој битолскиот тим во деветтото коло од АБА2 во претрпе и седмиот пораз во регионалното натпреварување.

Пресудни беа недисциплината во нападот и 19-те загубени топки, од кои противникот голем дел претвори во лесни поени на спротивната страна, за заслужено убедлива победа на словенечкиот состав.

„Ако на претходниот меч можевме да кажеме дека игравме без грешка, денеска беше спротивно. Сето она што конкретно го договоривме како да го браниме противникот, потфрливме и Рогашка имаше бројни отворени шутеви што знаеше како да ги искористи. Згора на тоа, имавме сериозни проблеми во нападот, со дваесетина загубени топки, бројка со која не може да се добие ваква средба. Се соочивме со проблем бидејќи во ротацијата ни недостигаше Младеновиќ, а згора на тоа свој ден денеска немаше Стајиќ, што се одрази на нашата игра во нападот. Потфрливме, но останува да се извлечеме поука од овој денешен пораз“, истакна Илиевски по натпреварот.

Се вчитува...