Поранешниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ по четири сезони ќе го напушти бундеслигашот Рајн Некар Левен. Тој од следната сезона се сели во францускиот шампионат каде ќе биде дел од тимот на Шарт чив предводник е селекторот на Србија, Тони Херона.
Абутовиќ кариерата ја почна во Црвенка, а во Србија беше дел и од Спартак Суботица и Партизан од каде премина во Слован Љубљана. Во 2011 потпиша за Вардар во кој остана седум сезони. Ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, четири пати го креваше трофејот во СЕХА, а пет пати во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА