Илија Нестороски помогна загрозени семејства во Прилеп пред Велигденските празници

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски не ги заборава своите прилепчани во моментите на криза предизвикана од коронавирусот. Тој помогна голем број загрозени семејства од Прилеп пред Велигденските празници со храна и неопходни продукти. Во текот на денешниот ден, помошта им е поделена на оние на кои им е најпотребна во овие мигови.

Претходно, Нестороски донираше финансиски средства за болницата во Прилеп, а заедно со фудбалските репрезентативци на Македонија испрати донација и во фондот за борба со Covid-19.

Се вчитува...