Илија Несторовски пред трансфер во Болоња!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски најверојатно ќе се врати во Серија А, иако не успеа да го стори тоа со тимот на Палермо. Според италијанските медиуми, Нестор – гол е многу блиску до потпис со калчолигашот Болоња. Тој треба да замине во пакет со својот досегашен соиграч Рисполи во редовите на Болоња.

По неуспехот на Палермо во плејофот за пласман во Серија А, претседателот на клубот, контроверзниот Маурицио Зампарини, одлучи да продаде дел од своите најдобри фудбалери. На списокот се наоѓаат и двајцата македонски репрезенаттивци, Илија Несторовски и Александар Трајковски. Во моментот, најдобро на трансфер – пазарот котира токму капитенот на Палермо, Илија Несторовски, па затоа околу него и се крева најголема врева.

За Нестор – гол постои интерес и од англискиот премиерлигаш Евертон, како и турските клубови Трабзонспор и Кајзериспор.

 

Се вчитува...