Илијоски: Знаеме колку е важен мечот против Академија Пандев

Работнички и Академија Пандев в недела на арената „Филип Втори“ ќе имаат директен дуел за третото место на табелата во Првата лига. Гостите имаат пет бода повеќе во моментот, но со евентуален триумф „романтичарите“ сериозно би се доближиле. Го знае тоа добро искусниот напаѓач Баже Илијоски, кој по враќањето ја носи и капитенската лента во тимот.

„Знаеме колку би ни значела победа над Академија Пандев. Тоа е еден од директните дуели за распределба на позициите кои водат во Европа. Подготвени сме на предизвикот, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Треба грешките да ги сведеме на минимум и да ја задржиме концентрацијата на максимално ниво. Го респектираме противникот, но и веруваме во своите квалитети“, изјави Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...