Илиќ: Подготвени сме и вторпат да го победиме Вардар во финалето

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Левиот бек на Веспрем, Момир Илиќ очекува финалето да биде неизвесно и квалитетно како и минатата сезона. Илиќ верува дека и овој пат ќе излезат како победници од ова финале, иако нагласувајќи дека Вардар е поискусен од минатата сезона, па ќе мора да дадат се од себе да дојдат до посакуваниот триумф.

„Ќе биде одличен натпревар, без сомнежи. Вардар е одличен тим, поседуваат врвен квалитет на секоја позиција, од тренери до играчи. Сите си ја знаат работата,  го имаат најдобриот напад оваа сезона во лигата, што значи дека ќе треба да одиграме перфектна одбрана, односно како што знаеме најдобро да се браниме. Како и да е, верувам дека и вторпат ќе славиме против Вардар. Овој дел од сезоната е подобар, се бориме за титули, тоа најмногу не мотивира“ – вели Илиќ.

Се вчитува...