Илиќ на местото на Пачовски во стручниот штаб на репрезентацијата

Некогашниот репрезентативен голман, а сега тренер на голмани Саша Илиќ, ќе биде тренер на голманите во националниот тим на Македонија. Илиќ ќе го замени Томе Пачовски, кој се повлекува од оваа функција.

Илиќ долги години беше дел од стручниот штаб на Вардар, односно од 2014 до 2022 година ги тренираше голманите на „црвено-црните“, а минатата година работеше во кинески Шенжен.

Саша Илиќ во минатото како голман настапуваше за Вардар, Партизан, Пусан Даеву, Хамбургер, Динамо Санкт Петербург, па во иранските Естегал, Пеган и Пирози. Работеше и како тренер на голмани во Работнички, Металург и Еуромилк, пред да замине во Вардар. Илиќ има три настапи за националниот тим на Македонија.

Се вчитува...