Саша Или и дефинитивно останува на клупата на Партизан откако 48-годишниот стратег реши да ја повлече поднесената оставка по последниот пораз од Младост.
Реакцијата на јавноста и на навивачите пред и за време на реваншот со Хетафе, без оглед на елиминацијата на „црно-белите“ се покажа клучна за легендата на Партизан да се премисли и да остане во клубот.
„По поразот од Младост сии дадов оставка, но на молба на управата останав и за дуелот со Хетафе. Во меѓувреме имавме и состанок со навивачите, кои ни дадоа целосна поддршка сметајќи дека тој меч е најдобар за почеток на оздравувањето на Партизан. Свесни сме дека не сме во најдобра ситуација, но работите што се случуваа против Хетафе, стадион исполнет до последно место после 10 години, атмосфера без ниту еден инцидент, поддршката што ја добив – сето тоа ме обврза да останам овде. Јас генерално гледано сум човек од збор, но работите се променија. Отсекогаш сум имал посебен однос со навивачите на Партизан, но она што го доживеав во четвртокот беше неверојатно и им благодарам на тоа“, истакна Илиќ.
По елиминацијата од европските натпреварувања Партизан сега се врти на домашните обврски, каде „црно-белите“ катастрофално стартуваа со само една победа во досегашниот дел од сезоната.
„Не ја гледам табелата, да бевме први можеби ќе ја погледнев, но вака…. Ме боли, знам дека го боли секој навивач на Партизан и наша е обврската да најдеме излез. Верувам дека ќе биде подобро, па полошо од ова реално и не може“, изјави тренерот на белградскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
