Илирид Адеми од Ренова продолжува во албански Лачи (ФОТО)

Илирид Адеми својата кариера ја продолжува во редовите на албанскиот суперлигаш Лачи кој ова лето стигна до третото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

26-годишниот Адеми минатата сезона ја мина во редовите на Ренова, по која иако се навестуваше негов трансфер во Шкупи, сепак кариерата ја продолжува во редовите на Лачи.

Адеми претходно во кариерата има настапи и за екипите на Гостивар и Македонија ЃП.

Се вчитува...