Илјараменди: Не се залажуваме дека Вардар е аутсајдер

Асиер Илјараменди е еден од главните адути на Реал Сосиедад, движечка сила на средината на теренот. Беше и во Реал Мадрид, но потоа одлучи да се врати во својот Сосиедад. Повремениот шпански репрезентативец вели дека неговиот тим дојде во Скопје за да победи, но не залажува дека Вардар е аутсајдер. Ќе мора да одигра врвен фудбал ако сака да оствари триумф.

„Нашата цел е да го победиме Вардар и да направиме предност на табелата. Но, не се залажуваме дека тоа ќе биде лесно. Не смееме да помислиме дека Вардар е аутсајдер и лесно ќе ја завршиме задачата. Напротив, знаеме дека ќе биде тешко и неизвесно. Сепак, ако имаме контрола над топката, мислам дека ќе успееме да создадеме доволно шанси за да оствариме триумф. Се надевам дека гледачите ќе уживаат во убав фудбал“, изјави Асиер Илјараменди во пресрет на утрешниот дуел со Вардар во Лигата на Европа.

Се вчитува...