Им се случува и на најдобрите: Облак се посрамоти, Хетафе по десет години му даде гол на Атлетико Мадрид

Хетафе по првите 45 минути игра има водство од 1-0 против шампионот Атлетико Мадрид, по голот што го постигна Митровиќ пред самиот крај на полувремето на мадридската пресметка.

Главен виновник за негативата е голманот Јан Облак, кој неспретно излезе на работ од шеснаесетникот, топката му испадна од раце, по што Хетафе во продолжението од акцијата ја затресе мрежата, додека Словенецот немоќно гледаше како топката со помош на дирекот заврши зад неговиот грб.

Она што е интересно е што ова е прв гол на Хетафе по десет години пауза на меѓусебните пресметки со Атлетико Мадрид, откако Диего Симеоне се наоѓа на клупата на „јорганџиите“.

Се вчитува...