Има кој да го запре Гркот Циципас: Рафа Надал му дозволи само 6 освоени гема!

Вториот светски тенисер Рафаел Надал на доминантен начин славеше против Гркот Стефанос Циципас во првото полуфинале на Австралија опен.

И покрај повредите со кои се соочуваше претходниве месеци Надал игра феноменално во Мелбурн. До финалето стигна без загубен сет во досегашните мечеви, и во полуфиналето убедливо славеше против Циципас со 6-2, 6-4, 6-0.

Циципас претходно го воодушеви тенискиот свет со неверојатните партии во Мелбурн, го сруши минатогодишниот шампион Роџер Федерер, но не успеа против Надал.

Надал во финалето ќе се бори со Новак Ѓоковиќ или Лук Пуј кои се среќаваат во второто полуфинале.

Се вчитува...