Има ли шанса Сала да е жив? Пронајдени и „СОС траги“ од Каналските острови! (ФОТО)

Британските служби ја продолжија денеска потрагата по авионот со кој се превезуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, откако дополнителна надеж донеса траги за повик за помош од непознати лица од островите во англискиот морски канал.

Пребарувањето е сега фокусирано на островот Бурхоу, дел од Каналските острови, од каде жители до полицијата испратиле фотографии со видени димни сигнали за помош…

„Ако се чинеше дека нема надеж, сега повторно надеж носат најновите докази со демонстрираните СОС траги од непознати лица. Проблем малку претставува што под лоши временски услови, како актуелните, не можеме да дојдеме до островот Бурхоу но јасно е дека целото пребарување сега ќе биде насочено на таа страна“ – велат од британската полиција.

 

Сите во Англија, но и светот, уште се надеваат дека Сала ќе биде пронајден жив иако јасно е дека шансите се исклучително мали.

 

 

Се вчитува...