Има ли Солксјер капацитет да води тим како Јунајтед? – Катастрофална статистика за Норвежанецот во ЛШ

Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека додека Оле Гунар Солскјер е на клупата, тешко дека тимот може да се врати на шампионските патеки.

Во еден срамен меч против Јанг Бојс во кој по добивањето на црвениот картон на Арон ван Бисака, Солскјер реши да се брани, „црвените-ѓаволи“ загубија со 1-2.

Ова за норвешкиот тренер е вкупно 7 пораз во елитното натпреварување на само единаесет одиграни меча, со што го прави еден од најлошите тренери во историјата на ЛШ.

Манчестер летово направи тим кој мора да се  бори за титулата на сите фронта, но дефинитивно реалноста е дека токму тренерот нема капацитет за такво нешто.

Се вчитува...