Има лоши губитници и ги има Аргентинците: „Гаучосите“ бараат да се преигра финалето на СП

Во Аргентина владее незадоволство по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија победи со 1-0 по продолженијата, поради што беше покрената и петиција.

Петицијата на платформата Change.org ја иницираше Аргентинката, Жизела Санчез, убедена дека одлуките на судијата значително влијаеле врз крајниот исход на натпреварот. За само неколку дена, иницијативата привлече големо внимание и собра повеќе од 67.000 потписи.

Тие сметаат дека словенечкиот судија Славко Винчиќ донел низа одлуки на штета на аргентинската репрезентација.

Со петицијата се бара од ФИФА темелно да ги преиспита одлуките на словенечкиот судија и да одлучи за повторно одигрување на финалниот натпревар. И покрај големиот одѕив на иницијативата, можноста навистина да се прифати такво барање практично не постои.

ФИФА не покрена никаква постапка против Винчиќ по финалето, ниту пак јавно изрази незадоволство од неговото судење. Напротив, неколку судиски аналитичари неговиот настап го оценија како многу добар.

Се вчитува...