Има разлика: Азар во Реал за 100 милиони, Марковски е рекордерот на Шериф за еден милион евра

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Шериф е пресметка на два „фудбалски светови“, со оглед на фактот дека најтрофејниот европски клуб ќе го пречека тимот што е дебитант во Лигата на Шампионите.

Она што е најинтересно како споредба се највисоките трансфери во клупската историја – 100-те милиони евра што Реал Мадрид ги плати за Еден Азар, наспроти српскиот интернационалец Марко Марковски, кој  е најскап фудбалер во историјата на Шериф, со трансфер вреден еден милион евра.

Двајцата имаат една заедничка работа – ниту Азар, ниту Марковски не се покажаа како правилни инвестиции за клубовите, Белиецот повеќе време е повреден отколку што е на терен, додека Марковски во Шериф мина само седум месеци по трансферот од Ксанти. Во овој период тој постигна шест гола на 12 натпревари пред да биде испратен на позајмица во Бнеи Сакхин во Израел, по што српскиот интернационалец никоаш повеќе не го облече дресот на Шериф.

Се вчитува...