Има разлика битката за титула и битката за опстанок: Шкендија убедлива со Вардар (ВИДЕО)

Шкендија ја оправда фаворитската улога триумфирајќи убедливо со 3-0 против Вардар во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Вардар носеше желба за изненадување во Тетово, но очигледна е разликата зошто тетовци водат битка за титула, а „вардарци“ за опстанок сезонава во елитното друштво.

Шкендија најпрво преку капитенот Енур Тотре во 24. минута не успеа да реализира пенал, откако од белата точка шутираше само во гредата од голот на Гачевски. Претходно, оправдано беше досуден пенал за Шкендија по играта со рака во својот шеснаесетник на дефанзивецот на „вардарци“, Ненад Мишковски.

Но, тоа што не му успеа на Тотре, го поправи Чинари кој постигна два убави гола за водство од 2-0 на Шкендија.

Најпрво во 36. минута круниса со гол една убава акција на својот тим…

А, потоа во 40. минута постигна евро-гол со шут од 20 метри за водство и од 2-0.

Во второто полувреме, во 54. минута Дита заокружи со нов гол, а на асистенција на Чинари, за конечни 3-0.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-0
Чинари 36′, 40′, Дита 54′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Гандо Биала 45′, Содик 79′
Гостивар: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-0
Потук 67′, Тахакара 81′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-2
Фазли 28′ – Стијеповиќ 45′, Марушиќ 66′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-0
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0

Се вчитува...