Германците имаат решение и за финансиската криза во фудбалот

Глобалната криза ќе удри и на фудбалот после пандемијата на коронавирусот, а Германците секогаш се чекор напред во решавање на ситуацијата. Бундес-лигата во иднина можеби ќе воведе лимит на платите на фудбалерите за клубовите да можат да го издржат финансискиот товар и да бидат стабилни.

Претседателот на Фудбалската федерација на Германија, Фриц Келер, вели дека ограничувањето на платите на фудбалерите можеби е иднината на стабилноста на фудбалот во светот.

„Фудбалот мора да ја научи лекцијата од оваа криза, и тоа со подобра финансиска контрола и со ограничување на платите. Професионалниот фудбал мора да им го вратиме на луѓето, во нивниот секојдневен свет. Потребен ни е подобар систем за да може сето тоа да функционира“, изјави Фриц Келер.

Бундес – лигата два месеци беше суспендирана поради пандемијата на коронавирусот, но првa од сите големи фудбалски лиги се врати на сцената.

 

Се вчитува...