Имало и полошо од кај нас: Играч на Галатасарај во 101 минути ги „фрлаше“ противниците во контра напад, асистираше и судијата го призна голот (ВИДЕО)

Последниот натпревар од осмото коло во турското првенство заврши со скандал откако Галатасарај славеше на гостувањето кај Ризеспор со 3-2 со контроверзен гол постигнат во 101. минута од мечот.

Домаќините изведоа корнер во завршните секунди од натпреварот, а по интервенцијата на фудбалерите на Галатасарај, судијата дозволи гостинскиот состав да го доигра контра нападот. Во него Мбаје Дијањ, кој ја започна контрата успеа со двојно додавање да стигне до противничката половина каде буквално „фрли“ два фудабалери на домашниот состав пред да асистира до Морутан кој само ја смести топката во мрежата.

Следеше жестока реакција на домашните играчи, но бадијала бидејќи судијата се одлучи да го признае голот кој ја донесе втората победа за истанбулскиот тим во низа.

Се вчитува...