Имало провокации на традиционалниот ручек меѓу челниците на ПСЖ и Реал

Челниците на ПСЖ и на Реал Мадрид, денеска одржаа официјален ручен во ресторанот Павилон во Париз. Иако бил закажан за во понеделник, сепак, на барање на челниците на „кралевите“, истиот е одложен за денеска. На едната страна биле Насер Ал Келаифи и Леонардо, а на другата Флорентино Перез.

Први пристигнале челниците на ПСЖ, а потоа и делегацијата од Мадрид, во која освен Перез, биле и Ангел Санчез и Емилио Бутрагењо.

Странските медиуми известуваат дека во текот на дружењето е видел скандал, затоа што атмосферата зоврела и се било на ивица на скандал поради Килијан Мбапе. Иако во јавноста долго се шпекулира дека Реал Мадрид има договор со фудбалерот, а наводно на ручекот Леонардо ги обвинил челниците на “кралевите“ дека преговарале со Мбапе.

Сепак, од таборот на Реал останале прибрани и не реагирале на провокациите од другата страна.

Мадриѓаните настојувале да бидат дискретни поради тоа што Перез и натаму сака да ја стартува Суперлигата, и поради тоа му е потребна поддршка токму од Ал Келаифи.

Се вчитува...