Имаме ли сила за нова победа против Исланд? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација си заврши огромна работа со триумфот на гостински терен против Исланд на патот кон Европското првенство 2020. Па, сега дефинитивно без засилен притисок избраниците на Данило Брестовац го очекуваат утрешниот натпревар против истиот противник на кој, во секој случај, повторно се посакува победа.

А, за Брестовац вечерва останува уште финалната тактичка подготовка околу тоа како да се дојде до нов триумф. Репрезентативците вечерва во „Борис Трајковски“ го одработија и последниот тренинг во очекување на утрешниот натпревар…

 

Се вчитува...