Имери: Инспирација е да се носи дресот на Шкендија

Омар Имери блесна во полн сјај во дресот на Шкендија оваа сезона. Тој постигна хет – трик на дуелот против Шкупи и вели дека сите во клубот се фокусирани што е можно побрзо да биде освоена новата шампионска титула.

„Секогаш е инспирација да се игра во дресот на Шкендија и среќен сум што остваривме убедлив триумф, а јас постигнав хет – трик. Ќе ми биде голема мотивација да продолжам во ист стил и на наредните натпревари. Се надевам дека многу брзо ќе ја официјализираме новата шампионска титула и дека на нашите фанови ќе им приредиме вистинско шоу“, изјави Омар Имери.

Шкендија во следното коло ќе му гостува на Работнички во Скопје.

Се вчитува...