Имери кариерата ја продолжува во украински Олимпик Доњецк

Поранешниот македонски младински репрезентативец Демир Имери својата кариера ја продолжува во украински Олимпик Доњецк.

Имери потпиша договор со Украинците до јануари 2022 година, откако претходно ја заврши соработката со Моста од Малта.

Демир Имери претходно во својата кариера има настапи и за Шкендија, Хоризонт Турново и Ренова на домашната фудбалска сцена како и за албанска Камза и финскиот Кеми.

Се вчитува...