Имери: Нема да кријам, горд сум на голот против Вардар

Омар Имери е херојот на Шкендија на големото дерби против Вардар, откако младиот фудбалер на актуелниот првак го постигна голот за победа во првото пролетно коло. Тој одлично се снајде кон средината на првото полувреме, со прецизен шут матирајќи го Гачевски, погодок што се покажа како победник на дербито во Тетово.

„Беше многу важно да се стартува вториот дел од сезоната со победа, и тоа против директен ривал во трката за титулата. Фудбалот е тимска игра, секогаш најважен е конечниот резултат и успехот на колективот, но нема да кријам, горд сум што го постигнав голот за победа против Вардар. Ова се значајни три бода, но не смееме да дозволиме еуфорија, туку да продолжиме во ист стил и што поскоро математички да ја осигураме титулата“ – истакна Имери.

Шкендија во следното коло од домашното првенство ќе му гостува на тимот на Македонија ЃП.

Се вчитува...