Не се живее на стара слава: Уште еден фудбалер го „откачи“ Милан за повеќе пари

После трансферот на Свен Ботман во Њукасл, на пат е уште еден фудбалер кој беше договорен со Милан, да потпише во друг клуб поради парите. Ботман и Милан беа во завршни преговори, но потоа се јави богатиот Њукасл кој понуди повеќе. Иако Ботман велеше дека Милан е тим со голема традиција и дека не му се важни парите, сепак, на крајот го одбра она кое го негираше.

Сега на истиот пат е Ренато Санчез. Португалецот долго време беше поврзуван со Милан, а сега е блиску да потпише со ПСЖ. Едноставно, Парижаните му понудија двојно повисока плата, па така досегашниот играч на Лил е сега поблиску до Париз, отколку до Милано.

Милан ќе има проблеми за следната сезона, со оглед дека остана и без услугите на Франк Кеси кој заминува во Барселона. Милан е блиску до ангажман на Дивок Ориги, а исто така е во преговори за Марко Асенсио.

Се вчитува...