Имобиле го носи Лацио кон 1/8 финале, Шахтјор со „минималец“ против Антверпен (ВИДЕО)

Лацио направи огромен чекор кон 1/8 финалето во Лигата на шампионите, со победата над Селтик на домашен терен. Италијанскиот тим дури во финишот успеа да го скрши отпорот на Шкотланѓаните, кои после овој пораз и дефинитивно се елиминирани од сите европски натпреварувања.

Херој на „Лацијалите“ беше Чиро Имобиле, кој само за три минути го реши противникот. Најпрво во 82. минута напаѓачот успеа да донесе преднот за Лацио, а во 85. минута да ја запечати победата. 

Шахтјор се доближи до Барселона и Порто (сите имаат по девет бодови), со победата над Антверпен, кој и дефинитивно е во аут од европските натпреварувања. Матвиенко уште во 12. минута му ја донес победата на украинскиот тим. Мечот се играше на неутрален терен во Хамбург.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...