Имобиле ја објасни „хемијата“ во Лацио: Луис Алберто ме познава подобро од жена ми

Лацио има фантастична сезона во Серија А, се проби на второто место на табелата и заостанува само бод зад лидерот Јувентус. Чиро Имобиле не знае за доста кога се во прашање головите, а на јавноста на Апенините пластично и ја објасни „хемијата“ која владее во составот на Симоне Инзаги.

„Луис Алберто е нашиот диригент. Тој ме познава подобро од жена ми Џесика. Знае во секој момент каде се наоѓам и умее да ме погоди со топката. Мене ми останува полесниот дел од задачата, да постигнам гол. Сите ние имаме идентичен сон, да го освоиме „скудетото“. Јувентус, пази се, Лацио доаѓа“, изјави Имобиле за италијанските медиуми.

Лацио во следното коло игра на гости со Џенова.

 

 

Се вчитува...