Имобиле нападнат со нож на летниот одмор

Италијанскиот репрезентативец и член на Лацио, Чиро Имобиле, доживеал голема непријатност за време на одморот во „Франкавиља ал Маре“. Според италијанските медиуми, тој имал жестока караница со еден маж на плажа, по што бил нападнат со нож. За среќа, Имобиле го избегнал најлошото, и заедно со своите пријатели успеале да го скротат напаѓачот, се додека по одреден период не интервенирала и полицијата.

Според одредени медиуми на Апенините, напаѓачот бил жесток навивач на Рома, и тоа била причината за нападот кон Имобиле.

Се вчитува...