Имобиле пред нов договор со Лацио

Италијанскиот напаѓач во тимот на Лацио, Чиро Имобиле, најави дека е пред потпис на нов договор со клубот. Иако изминативе месеци се споменуваше негов трансфер во Милан, сега е веќе извесно дека Имобиле ќе го продолжи престојот на „Олимпико“.

Има интерес од други клубови, но јас отсекогаш сум бил спокоен. Од раководството на Лацио ме повикаа за продолжување на договорот. Имаме взаемна доверба. Во ноември потпишав нов договор и за мене претставува голема чест по 10 месеци да потпишам уште еден договор за продолжување на соработката. Блиску сме до нов договор. Спортскиот директор на клубот е зафатен, штом ќе биде слободен ќе потпишеме. Тој и Лотито се луѓе од збор. Мирен сум во тој поглед“ – изјави Имобиле.

Се вчитува...